Актерката Хелена Бонам Картер, позната по својата ексцентричност и непосредност, во пијана состојба отишла малку предалеку.
Таа на гостување во една емисија призна дека нејзината врска со кралското семејство е поголема од нејзината улога во серијата „Круна“ каде ја толкува улогата на принцезата Маргарет. Таа открива дека имала незаборавен момент со принцот Вилијам во една пригода кога добро се напила.
-Не бев до толку пијана, ама тоа беше доволно за никогаш повеќе да не пијам. Принцот Вилијам не беше сосема трезен, не во лоша смисла, туку онака, развеселен, рекла актерката.
Иако бил весел од алкохолот, сепак не би заинтересиран да го прифати предлогот што му го изнела Хелена. Таа го замолила да и биде кум на ќерка и Нел Бартон, пишува Мери Клер.
-Проблемот е што ги искористив сите мои пријатели за кумови на моето прво дете, па така Били Бартон има 11 кумови. Имав чувство дека треба да и се оддолжам на Нел, ама не ни преостана никој. Си реков дека ете, ќе и го најдам принцот Вилијам да и биде кум и така ќе се оддолжам, рекла Хелена.
Ама принцот не реагирал како што очекувала Хелена.
-Само ми рече: Не сакаш да и бидам кум на ќерка ти, рекла актерката.
Повеќе во видеото.