Општина Битола успешно се справи со извршни решенија и блокирани училишта, по две години решавање на наследни проблеми сега инвестираме во инфраструкура и се што е во надлежност на општината, информира денеска градоначалничката на Битола Наташа Петровска, во отчетот за сработеното во првите две години од нејзиниот мандат.
Во овој период рече Петровска вложивме 3,8 милиони евра за изградба и уредување на улици и 4,5 милиони едва за деблокирање на училиштата во општината.
-Во јавните претпријатија вложивме над 500.000 евра за обновување на запоставена механизација, се реконструира офицерскиот дом, се гради колекторски систем и пречистителна станица во потпелистерието, во функција е сообраќаен полигон, а со новото менаџорање на јавното осветлување во градот обезбедивме заштеди. Во овој момент се гради фудбалскиот стадион за што досега вложивме над 1,3 милиони евра, а реновиравме и реновираме училишта, детски градинки и други објекти- нагласи Петровска.
Според неа, локалната самоуправа посебно е фокусирана на прекуграничната соработка која е проектирана на над два милиона евра.
– Првпат општината почна набавка на превозни средства, четири автобуси и четири минибуси по светски стандарди, обезбедивме средства за изведба на инфраструктурни зафати на улици во должина од 3.647 метри во вкупна вредност над 46 милиони денари, проектот за гасификација во проектната документација се изведува од избраниот проектант и се субвенционираа конвертори, печки на пелети, велосипеди во висина од над 138 илјади евра- потсети Петровска.
Од Општина Битола информираа дека за двегодишниот мандатен период на градоначалничката Наташа Петровска изработена е публикација „Општински информатор“.