Од општина Чаир 12.000 евра за настраданите во земјотресот во Албанија

102

Советот на општина Чаир едногласно ја усвои одлуката за финансиска помош на Албанија погодена од земјотресот. Станува збор за донација од 720.000 денари (12.000 евра) финансиска помош за Република Албанија, односно за регионот погоден од земјотресот.

Градоначалникот Висар Ганиу им се заблагодари на советниците за брзото мобилизирање.

– Освен оваа финансиска помош, денес собираме и потребни материјали кои во текот на денот ќе бидат испратени во градот Драч и неговата околина, како што се: ќебиња, медикаменти, прехранбени пакети, млеко за деца, хигиенски средства, опрема и средства за отстранување на урнатини и друго. На нашата хуманитарна иницијатива за обезбедување на помошни материјали се придружија и многу домашни компани – истакна Ганиу.