Откриена причината за фрустрацијата на Роналдо

158

Кристијано Роналдо експресно го реши последниот проблем кој го имаше со Јувентус и со ладна глава ги започна подготовките за последните два квалификациски натпревари со репрезентацијата на Португалија. Само еден ден после дерби натпреварот против екипата на Милан (1:0), Роналдо го побарал капитенот на „старата дама“, Џорџо Киелини, со цел да му се извини поради непримерното однесување.

Видно изнервиран поради одлуката да биде заменет во 55 минута од дерби пресметката против екипата на Милан, Роналдо прво не сакаше да се поздрави со тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, а потоа го напушти стадионот иако се уште се играше натпреварот.

Иако такво нешто е недозволиво за сите фудбалери на Јувентус, португалскиот интернационалец се уште не е казнет од раководните лица.

Добро информираниот новинар Паоло Нонмоло тврди дека Роналдо е исфрустриран поради фактот дека не е 100% подготвен и дека планира лично да им се извини на сите тимски колеги откако ќе се врати во Торино. Такво барање имале клупските директори Павел Недвед и Фабио Паратичи.

И без помошта на Роналдо, актуелниот шампион на Италија забележа минимална победа во дерби пресметката против Милан, а единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 77 минута беше дело на аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала кој влезе во игра на местото на португалскиот интернационалец.