Дома МАКЕДОНИЈА Се избираат најдобри млади вина произведени во домашни услови

Се избираат најдобри млади вина произведени во домашни услови

170

Настанот е во чест на манифестацијата „Beaujolais Nouveau” која во светот се празнува од 1937 година и започнува во 00:01 часот секој трет четврток во месец ноември, појасни претседателката Милица Плетварска-Глигорова.

Во изјава за МИА, потпретседателката Елена Богева нагласи дека преку следење на нивните препораки како енолози, од година во година се зголемува квалитетот на вината произведени во домашни услови.

Токму тоа ни е и целта, како винска земја да имаме што е можно поголем квалитет на винското производство и повеќе мали семејни вински бизниси. Поголемата конкуренција значи и подобар производ, што пак е услов за поголем развој на винарството и винскиот туризам, додаде Богева.

Главниот настан е на 21 ноември во ресторанот „Сино”, кога ќе бидат доделени наградите за најдобрите вина. Сите учесници имаат можност за презентација, а ќе можат и да се дегустираат сите пријавени мостри.

Истовремено најавена е и промоција на книгата „Каде што реката го бакнуваше небото” од Билјана Тинтоска, за првиот дипломиран македонски енолог во Полска.