Дома БАЛКАН Разбиена мрежа на трговија со дрога во близина на Економскиот факултет во...

Разбиена мрежа на трговија со дрога во близина на Економскиот факултет во Атина

113

Трговијата со дрога се одвивала во напуштен ненаселен објект, а од грчката полиција коментираат дека криминалната организација функционирала како „трговско претпријатие” со оглед на тоа што дилерите работеле секој ден, 24 часа, во смени.

Дрогата се продавала преку прозорците или отворените дупки на ѕидовите, а криминалната организација располагала со широк спектар и речиси сите видови дроги, хероин, кокаин, хашиш, екстази и сл.

Полицијата уапсила 10 лица, меѓу кои и водачот на криминалната организација, а секој од членовите имал посебна задача, тројца биле дневна смена од 10 до 22 часот, двајца ноќна смена од 22 часот до 10 наутро, другите пак биле задолжени за магацинот во кој се чувала дрогата и за трговијата.

Биле запленети нас еден килограм хероин, над 20 килограми канабис, 152 грама кокаин, над 500 грама од дрогата шиша, 2221 таблети екстази, како и оружје.

Процените на полицијата се дека од запленетата дрога, криминалната организација нелегално ќе добиела над 100 илјади евра.

Министерот за цивилна заштита на Грција, Михалис Хрисохоидис преку социјалните мрежи, за полициската акција напиша „Конечно, крај”.