Драгана Мирковиќ не се крие од луѓето, вели дека сè заработила на чесен начин!

207

Богатата сопственичка на сателитската ТВ ДМ-САТ, популарната пејачка Драгана Мирковиќ, ужива во својата луксузна вила во Виена, а освен тоа поседува и дворец, како и некои други недвижности. Многу често одмора на луксузни скапи места, а на својот Инстаграм ги објавува тие фотографии, велејќи дека нема причина да се крие како многу други парајлии.

– Јас сум отворена личност и немам причина да се кријам од луѓето кои пријателски ми приоѓаат. Мојот живот не е исполнет со глупости или со скандали, така што сè што имам го добив на чесен начин, затоа не се кријам. Моите фанови често бараат да покажам каде патувам со сопругот Тони и со кого сè дружам, а сакам да дружам и со многу мои колешки од естрадата, вели Мирковиќка за српските медиуми, која на почетокот на својата пејачка кариера за свој менаџер го имаше токму Зоран Башановиќ, кој сега е советник на македонскиот премиер Зоран Заев.