Дома МАКЕДОНИЈА Инцидент: Повторно нападнат медицински персонал во „8-ми Септември“

Инцидент: Повторно нападнат медицински персонал во „8-ми Септември“

194

Персоналот од Одделот за интензивна нега на скопската градска болница „8-ми Септември” утрово реагираше и бараше средба со директорот Христијан Костов поради,а како причина новиот инцидент што се случил синоќа кога дел од персоналот бил нападнат од роднини на починат пациент.

Кока инцидентот се случил интервенирала и полицијата, бидејќи роднини на починат пациент вербално нападнале доктор на Одделот за интензивна нега.

Роднини на пациентот, пет-шест лица, го турнале и обезбедувањето на влезот во болницата и се качиле горе на интензивното одделение каде синоќа околу 23 часот, по смртта на 67-годишен пациент, се случил вербалниот инцидент со докторката и медицинскиот персонал. Полицијата била веднаш повикана – изјави  д-р Кристијан Костов, директор на ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

Тој вели дека пациентот дента во 14 часот бил примен во болницата, во многу лоша здравствена состојба, откако претходно бил одбиен за прием.

Пациентот беше, да кажам, запуштен, имаше срцеви и бубрежни проблеми, а пред неколку години имал направено и бај-пас, а одел и на хемодијализа. Тој, за жал,  починал околу 23 часот, а кога на одделот пристигнале неговите роднини, кои насилно и влегле во болницата, се случил вербалниот конфликт. Дојде и полицијата по што телото е изнесено од болницата од страна на роднините. Точната причина за инцидентот не е позната. На секој различно делува веста за настаната смрт – некои роднини тоа го доживуваат агресивно, некои помирно – појаснува д-р Костов.

Тој вели дека вакви состојби се стресни за вработените.

Минатата седмица во кругот на Клинички центар, во организација на Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти, се одржа получасовниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тие до власта испорачаа неколку барања и дадоа рок тие да се исполнат. Во спротивно, како што рекоа, следниот протест ќе трае неограничено, до нивно исполнување.

Медицинарите, покрај во кругот на Клинички центар „Мајка Тереза“, протестираа и пред ГОБ „8 Септември“, пред Градска болница „Св.Наум Охридски“, пред поликлиниките и здравствените домови, ординациите и медицинските пунктови.

Протестот беше инициран од неодамнешните напади во неколку здравствени установи и и како потсетување на се поголемата зачестеност на ваквите напади.