Откриено зошто Мачу Пикчу е изграден таму каде што се наоѓа

403

Геологот и научник Гранде Руалдо Менегат од Геолошкиот бразилски сојузен универзитет Рио тврди дека ја открил причината зошто Инките го изградиле својот град Мачу Пикчу на специфичен начин и зошто го изградиле тука каде што се наоѓа денес.

Бразилскиот геолог извршил анализа на подрачјата каде што се наоѓа за да пронајде тектонски пукнатини – откритијата беа изненадувачки.

Како што објаснил научникот во текот на конференцијата на Геолошкото друштво на Америка, која се одржа во Феникс, тие пукнатини драматично се разликуваат по големината: некои од нив се толку големи и долги што дури го одредуваат правецот на текот на локалните реки, пренесува Спутник.

Менегат откри дека тие пукнатини следат два правци: од североисток кон југозапад и во спротивен правец. На тој начин, пукнатините создаваат облик икс и Мачу Пикчу е точно на местото на пресекот.

Истражувачот сугерира дека сите сите градски структури изградени на основа на тој образец.

Цел град го има истиот образец како и пукнатините во земјата, што на градот му дало непремостиви предности. Прво, на тие места камењата полесно се ваделе, нагласува Менегат.

Покрај тоа, пропустите на тлото помагале во насочувањето на водите од растопениот мраз или од дождот во градот, создавајќи стабилен извор на слатки води.

Истовремено, за време на луњи и обилни дождови пукнатините помагале вишокот вода побрзо да се исуши.

„Приближно две третини од напорот вложен во изградбата на светилиштето се однесувале на одводте под површината. Пукнатините помогнале во зачувувањето на ова место“, рекол геологот.

Исто така, ѕидајќи го градот на толку високо место, Инките се заштитиле од лавини и лизгања на земјиштето кои се толку вообичаени во Андите.