“Вечер“ дознава:По успесите на синот Огнен во “Ѕвездите на Гранд“, Софче Џорлева во шоуто “Никогаш не е доцна“!

607

Нејзиниот син, веќе поприлично популарен не само кај нас туку и во Србија и Босна, шармантниот Огнен Здравковски многу добро го знаеме и по настапите во шоуто “Ѕвездите на Гранд“ каде постигна голем успех, но што се случува со неговата мајка Софче Џорлева-Здравковска? И таа е пејчка, зад себе има успешна кариера, родена сестра на нашиот легендарен музичар Зоран Џорлев. Фамилија со богато музичко педигре. Па, сепак, Софче, дали по наговор на најблиските или по свое убедување, сега на 29 септември ќе ја видиме во (уште) едно исто така популарно ТВ-шоу, во “Никогаш не е доцна“. Нашата мила Софче, позната меѓу пријателите и како голем шегобиец, ќе настапи со евергринот, руската “Очи чорние“ (Црните очи). А, како ќе помине Софче кај публиката и кај жирито, тоа останува да видиме, да се стрпиме, да не ја пропуштиме емисијата (на ТВ Канал 5, недела навечер). Со оглед на тоа дека Софче поседува моќен глас и здрава, сигурна интерпретација нема сомнеж дека жирито и публиката ќе останат тотално без здив. Д.М.