Најбараниот автомобил во 44 европски земји во првите осум месеци од 2019 година беше Фолксваген Голф, а потоа следуваат Рено Клио и Фолксваген Поло.
Врз основа на податоците добиени од сајтот focus2move.com од 28 земји на ЕУ, три земји на Е.Ф.Т.А. (Норвешка, Исланд и Швајцарија), Русија, Турција, како и земјите од поранешниот СССР и Западен Балкан, во периодот јануари-август се продадени 311.966 примероци на Голф. На второ место е Рено Клио (248.683), а на третото е Фолксваген Поло (194.505).
На четвртото место се проби уште еден Фолксваген – СУВ Тигуан (179.440 примероци), а одличното 5-то место, по скокот од 11-та позиција од 2018 година, ја држи Дачиа Сандеро (166.567). На 6-то место е Ситроен Ц3 (165.051), кој исто така забележа одличен резултат скокајќи од 10-то место.
Седми е Форд Фиеста (163.112 автомобили), 8-то е Пежо 208 (162.201), 9-то е Форд Фокус (161.542 возила), а списокот на топ 10 е комплетиран од Нисан Кашкаи (160.888 единици).
Од 11-та до 20-та позиција се пласираа по следниот редослед: Шкода Октавија (160.658), Опел Корса (160,057), Дачиа Дастер (159,218), Рено Каптур (154.038), Тојота Јарис (149.525), Фолксваген Т-Рок (147.320) Пежо 3008 (139.067), ФИАТ Панда (130.078), Мерцедес А-Класа (124.511) и Шкода Фабиа (120.865).