Еден од најдоминантните центри во историјата на НБА лигата, Шекил О‘Нил, во 2000 година беше близу до историското достигнување. Му недостасуваше само еден глас за да стане првиот играч во НБА кој едногласно ќе биде прогласен за најкорисен играч во лигата.
Тој во тоа време доби 121 од 122 можни гласови, а му недостасуваше само гласот на новинарот на Си-ен-ен, Фред Хикман, кој гласаше за Ален Ајверсон.
Тој деновиве гостуваше во една американска емисија на „Фокс спорт“, во која призна дека сè уште му е лут на новинарот кој му ја одземал шансата за да испише историја.
- Фред Идиот Хикман. Го мразам. Јас немам што да разговарам со него. Нема за што да ми се извинува. Тој ми ја уништи историјата бидејќи е серко, изјави популарниот Шек, додавајќи дека никој не бил ниту близу до неговото ниво таа сезона.
Тој беше најдобар стрелец во лигата со просек од 29.7 поени, со процент на шут од поле (57.4%), втор скокач (13.6) и трет во блокади (3.03). Со тоа стана првиот играч по Карем Абдул-Џабар од 1976/77 година што во сите четири овие категории бил меѓу првите тројца во НБА лигата.
Инаку, покрај оригиналните навреди, Шек можеше да се пофали и со тоа што неговиот син Шериф, повеќе нема проблеми со срцето, па наскоро ќе се врати на кошаркарските терени. Имено, пред почетокот на сезоната му е откриена срцева мана, кој можеше да ги чини и живот. Проблемот со кој се соочуваше Шериф беше артерија која расте на погрешно место, а наводно таа мака ја имал од раѓање и била животозагрозувачка. Сепак со операција проблемот е саниран.