Стартуваше проектот „Поддршка за модернизација и деинституционализација на социјалните услуги“

95

Во Дневниот центар за Даунов синдром, зад Соборниот храм, денеска почна реализацијата на проектот „Поддршка за модернизација и деинституционализација на социјалните услуги“, финансиран од Делегацијата на ЕУ во Скопје, а во реализација на компанијата „Ептиса“.

На настанот присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, преставничката на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Софи Беамонт и тим лидерот на проектот, Роберт Кроис.

– Сакам да се заблагодарам на посветеноста на Министерството за труд и социјална политика и на Европската унија за поддршката на овој проект. Од овие деца овде коишто се мои верни другари и верни поддржувачи, човек може само да научи да биде поголем човек од тоа што е. И токму заради тоа за мене претставува и предизвик за којшто знам дека барем Град Скопје во целост ќе го исполни. По завршувањето на овој проект да ги имплементираме во пракса политиките што ќе бидат креирани – изјави Шилегов.