Во следните 24 часа, аргентинскиот интернационалец Џовани Ло Селсо, и официјално ќе биде претставен како најнова милионска аквизиција на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем.
Крилниот напаѓач веќе го одработи задолжителниот лекарски преглед и се треба да потпише понудениот договор кој му гарантира годишна плата од 6 мил. фунти.
Од продажбата на аргентинскиот интернационалец раководните лица на Бетис од Севилја очекуваат заработка не помала од 55 мил. фунти.