Францускиот „летачки човек“ повторно ќе се обиде да го прелета Ламанш

145

Францускиот „летачки човек“ Френки Запата повторно ќе се обиде да го прелета Ламанш на својот изум „флајборд“ откако неговиот прв обид заврши на половина пат.

Кристал, сопругата на Запата изјави дека тој повторно ќе се обиде да го прелета 36 километри долгиот пат во недела, на 4 август, поаѓајќи од францускиот град Сангат до областа во близина на англискиот град Довер.

Минатата недела во текот на првиот обид Запата ја промаши платформата за слетување на бродот кога требаше да слета за да дополни гориво на дваесеттиот километар од патот, пренесува АП. Според зборовите на неговата сопруга, овој пат Запата ќе користи поголем чамец за слетувањето да му биде полесно.

Тој мораше да направи поголема штица за летање, прилагодена верзија на „флајбордот“ кој неговата компанија го продава за водни спортови.
Моторот работи на керозин кој Запата го носи во ранецот, додека стапалата му се прицврстени за штицата.