Гудачкиот квартет Пламенка Трајковска, на 1 август, во 20 часот, ќе реализира концерт со наслов „Музика и филм“ во НУЦК АСНОМ Гостивар.
На програмата се музички теми од познатите филмови „Пиратите од карибите“, „Џејмс Бонд“, „Мирисот на жената“, „Шиндлерова листа“ и други филмови. Ќе бидат изведени композиции од култните композитори на филмската музика: Џон Вилијамс, Енио Мориконе, Ханс Цимер но и сосема класични автори чија што музика е застапена во филмовите.
Музичките теми ќе бидат изведени од гудачки квартет во аранжман на Трајковска. Сите композиции ќе бидат илустрирани со музички клипови од филмовите кои дополнително визуелно ќе ја поткрепуваат музичката креација.
Во гудачкиот квартет покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и Наташа Диденко на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Маја Михајловска на виолончело.
Концертот се реализира по повод одбележувањето на Илинден и е поддржан од Министерството за култура.