Гo прослави 34.роденден: Саша Ковачевиќ со подарок за обожавателките!

118

-Роденденски продолжен викенд! Ви благодарам на сите за убавите честитки, очекувам подароци, се пошегува популарниот српски поп-пејач Саша Ковачевиќ. Тој неодамна на една луксузна јахта го славеше својот 34. по ред роденден. И како што добивал подароци, така и испратил вреден подарок, ама само до своите обожавателки. За мажите овојпат беше шкрт. За припадничките на понежниот пол, Саша роденденски се сликал исончан, разголен во црвени бермуди и, секако, мускулест бидејќи редовно оди во теретана. Популарниот белграѓанец се одлучи да здивне од секојдневните настапи, да замине на море каде се фотографираше на јахта и од каде девојките ги провоцираше со физичкиот изглед. Тие не се штедеа во коментарите во врска со неговите изглед.
– Сакам таков да имам за свој сопруг, напишала една од неговите обожавателки, покрај многуте други жешки коментари.