Полицијата го одзела едниот телефон на Јанева, ама другиот некако го загубила

210

Полициските екипи кои вечерва влегоа во домот на Катица Јанева, извршиле претрес по налог издаден од Обвинителството за организиран криминал.

Според неофицијални информации, од шефицата на СЈО било побарано да го предаде нејзиниот мобилен телефон, кој требало да биде одземен и даден на вештачење.

Но, полицијата успеала да одземе само еден од двата мобилни телефони кои ги користела поранешната СЈО, бидејќи Јанева рекла дека другиот го загубила.

Претходно полицијата вечерва влезе и во домот на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, како и во 1ТВ, медиум чиј сопственик според Централен регистар е таткото му Миле Јовановски.