Валандово петта најтранспарентна општина

188

Процентот на проактивна транспарентност на општина Валандово, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, годинава пораснал за повеќе од 40 проценти.

Од минатогодишното ниво со 11,9 отсто и многу слаба транспарентност, годинава општината се вбројува меѓу оние со просечна активна транспарентност од 56,9 индексни поени што и овозможи скок од 27 позиции.

Овој раст и овозможи на општина Валандово од последното, годинава да се најде на петтата позиција на табелата од општините во југоисточниот регион и да се најде меѓу општините кај кои само за една година процентот на исполнетост на обврските пораснал за повеќе од 40 процентни поени.

Првото место на оваа табела, со активна транспарентнот од 84,6 индексни поени го држи општина Гевгелија пред општина Струмица која заостанува за десетина индексни поени.