„Моменти“ – фотографска изложба на Владимир Арсовски

158

Во „Галерија Рудиќ“ вечер од 20 часот ќе биде  отоврена фотографска излозжба „Моменти“ на Владимир Арсовски од Фотосоојузот на Македонија, на која ќе бидат претставени 22 фотографии со голем формат испечатени на канвас.

Во рецензијата за изложбата, проф. Небојша Вилиќ пишува дека серијалот фотографии е посветен на животот, а авторот Арсовски е во потрага по одговорот на прашањето: како да се естетизира навидум неестетичкото/неестетизираното или како да се естетизира непредвидливоста на животот?

-…Од мугрите (кога се раѓа не само денот и виделината, туку и самото постоење), преку различните делови од денот (сончеви или тмурни, пријатни или поларно студени, како асиметрични периоди на искуствата), сè до квечерините и длабоките ноќи (во кои чунот, животот, е единствената светлина) се движи, тече, расказот за животот.

Според овој расказ, невообичаено, животот не се воспева само како убавина, туку и како постојана борба со ретки мигови на спокој и задоволство, бидејќи животот е непредвидлив и, пред сè, незапирлив времетек, наведува рецензентот.