Освен во исхраната, односно при готвењето, готварската сол има и други полезни
вредности. Едноставно ќе се изненадите колку малку сол може да ви го олесни животот во домаќинството и да ве спаси од несакани хаварии, или, пак, да ве спаси во последен момент.
Побрзо ги лади пијалоците
Додајте сол во кофата со мраз и пијалоците побрзо ќе се изладат – што е особено практично во летните месеци што претстојат.
За побрзо да изладите шише вино или шампањ, ставете го во садот со мраз или во друг длабок пластичен сад. Продолжете да ставате слој по слој мраз и сол додека да стасате до врвот на шишето па сипете водат додека да стасате до последниот слој мраз. По 10-12 минути отворете го пијалокот и послужете го.
Чистење на штицата за сечење
За да ги отстраните миризбите од дрвената штица за сечење, ставете големо количество морска сол на самата површина. Полека тријте со влажна крпа по штицата за сечење па измијте ја со сапун и топла вода.
Отстранување на мирисот од лук или кромидот од рацете
Втријте мешавина од сол и сок од лимон во рацете па измијте се со сапун. Мирисот би требало веднаш да исчезне.
Собира скршено јајце без проблем
Ако ви се скрши јајце на кујнската површина или, уште пострашно, на подот, не паничете. Само истурете сол врз него. Оставете „да се маринира“ дваесетина минути па лесно ќе го соберете со еден потег на раката и крпата.
Исчистете ги шолјите за кафе
Втријте ја внатрешноста од извалкани шолји за кафе и само гледајте како дамките се губат.
Вратете му го сјајот на стаклото
Измешајте 1/3 шолја со морска сол со две лажици оцет за да добиете паста. Нанесете ја на внатрешноста од стаклото и оставете да отстои дваесет минути. Потоа истријте, па измијте ја пастата од стаклото. Кога ќе се исуши, ќе сјае како ново.