Во камерната сала на Филхармонијата, на 12 јуни, со почеток од 20 часот ќе се одржи 7. концерт на млади виолинисти „Виолин Фест“.
На овој концерт, кој прерасна во традиција, своите вештини на инструментот ќе ги прикажат 11 млади виолинисти од Македонија, Србија и Косово, придружувани од пијанистката Марија Вршкова. „Несекојдневениот концерт има за цел да овозможи на младите виолинисти да музицираат надвор од обврските на своите училишта и да уживаат во она што го постигнале со досегашната работа“, стои во најавата за концертот, проект што е во организација на концерт мајсторот на Филхармонијата, Владимир Костов, а е поддржан од Министерството за култура.
Влезот е слободен.