Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков викендов со својот Веспрем ќе настапи на завршниот турнир во Лигата на шампионите во  Келн, во обид да стигне до најпосакуваниот трофеј во клупскиот ракомет.

-Лани потфрливме, но овојпат одговоривме на предизвикот. Веспрем е клуб што секогаш настојува да стигне до одлични резултати, а тоа носи позитивен притисок. Знаеме колку многу му значи ова на целиот град, колкава поддршка добиваме од навивачите и пресреќни сме што ќе играме во Келн – истакна Манасков и додаде:

-Во групната фаза два пати го победивме Киелце, но и двата натпревари беа крајно неизвесни. Знаеме дека во Келн нема фаворити, мора да се одигра максимално 60 минути ако сакаме да победиме. Јас лично сум среќен што конечно ќе добијам шанса да играм на Ф4 од ЛШ, секој ракометар сонува еден ден да стане дел од големиот ракометен спектакл, заврши Манасков.