Вардар го направи најдобриот трансфер во Европа   

203

Според специјализираниот ракометен портал „Хендбал Планет“ голманот на македонскиот шампион Вардар, Дејан Милосављев е најдобриот трансфер минатото лето.

Србинот дојде во јули од Партизан, како 22-годишен талент со намера да биде потпора за Страхиња Милиќ. Но, откако популарниот Џамбо и Вардар тргнаа по посебни патеки, на Милосављев му  се отвори патот, односно стана прв голман на македонскиот шампион и блесна во Лигата на шампионите. Милосављев со своите перформанси на голот ги задоволи вкусовите не само на управата, туку и на навивачите на тимот со кои воспостави одличен однос.

„Хендбол планет“ смести уште еден вардарец високо на својата топ-листа со најдобри 25 трансфери. Тоа е Сташ Скубе, кој дојде од Пик Сегед како избркан, а сега е еден од најважните фактори  црвено-црните за титулата во Келн. Го држи четвртото место на оваа листа, зад Милосављев, Бенјамин Буриќ и Артем Каралек.

На листата е и Глеб Калараш, рускиот пивот на Вардар, кој дојде од Магдебург, а тука се и имињата, кои заминаа во обратна насока, Лука Циндриќ од Вардар во Киелце и Вања Илиќ од Металург во Ла Риоха.