Кирковски со македонски рекорд го искачи врвот Елбрус

123

Македонскиот алпинист Александар Кирковски го искачи највисокиот врв во Европа, Елбрус 5.642 за 5 часа 17 минути 30 секунди и се пласира на 14 место на скај-маратонот, а овој резултат претставува воедно и македонски рекорд.

На планинската трка одржана вчера на масивот Кавказ во Русија, учествуваше и Дејан Тодевски кој оствари време од 5 часа, 54 минути и 50 секунди, доволно за 25. место. На трката настапија вкупно 90 натпреварувачи од кои само 54 успешно стигнаа до врвот Елбрус.

Победници на годинашното издание се Шингис Бајкашев од Казахстан со време 3 часа 30 минути, а во женска конкуренција Ана Оглоблина од Киргистан со 4 часа 17 минути.