Тренерот на Денвер, Мајкл Мелоун, ја истакна „еластичноста“ на неговиот тим по победата во Портланд (116:112) во четвриот меч од полуфиналето во Западната конференција со кој изедначија на 2-2 во серијата подобар до четири победи.
Ако отидевме на 1-3 сите знаевме како ќе се заврши приказната. Сепак покажавме дека сме еластични, истакна Мелоун па додаде за моментот кога Никола Јокиќ се пожали на повреда во завршницата од натпреварот:
Кога во видов како се фати за коленото, срцето ми застана. Тој е лицето на нашиот тим. Можам да кажам дека не се работи за сериозна повреда.
Петиот меч од серијата е на програмата во среда наутро од 4:30 часот.