Србија е горда на својот сограѓанин магистeрот на биолошки науки Немања Деспот Марјановиќ кој на Харвард истражува нов метод на лекување на малигните заболувања.
Тој за телевизијата ТВ Прва кажува дека за 10 до 15 години ракот ќе се лекува како што денеска се лекуваат бактериските инфекции.
Идниот доктор на инженерските науки на престижниот факултет работи на кардинален проект-атлас на хуманите клетки за кои кажува дека се нуди решение за успешно лекување на ракот. Според него се работи за најголем светски проект во медицинската наука кој што ќе трае десетина години. Во него се вклучени околу 1.000 врвни научници.
-Ние ќе примениме нова метода како што е математичкото моделирање и со тоа ке застанеме на патот на оваа опасна болест. Наскоро ќе имаме терапија која ќе биде многу успешна -вели за српскиот медиум Марјановиќ и дополнува дека човечкото тело е направено од милион клетки за кои во моментов многу малку знаеме.
Тој сликовито објаснува дека келиите на ракот се како “криминалци“, но никој од нив не е ист.
-Со хемотерапијата ги убивате само малите “криминалци“, а не и големите “мафијаши“. Се обидуваме да разбереме која е финтата кај тие “мафијаши“ оти разликата е огромна како со нив да се справиме.
Актуелните методи на лекување погодуваат голем број на келии, а меѓу нив и оние кои што не се зафатени со малигни клетки.
-Тоа е исто како да се исели цел Белград, иако целиот град не е зафатен со епидемијата -објаснува младиот научник Марјановиќ.
Според анализите се создраваат штетни ефекти, кои што лошо му влијаат на организмот, бидејќи клетките на “мафијашите“ се делат без контрола и брзо еволуираат.