Се крчка закон за Родител 1 и Родител 2 и во Македонија : Законот за заштита од дискриминација ќе биде донесен до средината на март! (видео)

664

Минатата недела веста дека во Србија ќе се избрише „мама и тато“ а ќе се воведе нов закон за Родител 1 и Родител 2, ги вознемири духовите во Македонија…
Но таков закон, под називот „Закон за спречување и заштита од дискриминација се“, подготвува и во Македонијa, пренесува ТВ 24.
Денеска многу претставници за правата на маргинализираните групи граѓани протестираа што законот со месеци не се става во процедура.
Некои од членовите пак на ЛГБТ заедницата сметаат дека најголема кочница за законот е Марјан Ѓорчев, но од ВМРО имаат нејаснотии околу законот.

ТВ 24 разговараше разговараше со предлагачите ѕа тоа што значи воведувањето на терминот „родов идентитет“,  дали родовиот идентитет може да биде флуиден и променлив, дали воведувањето на категоријата „родов индентитет“ и промена на дефиницијата на бракот ќе доведе до промена на наставните планови и лекции за децата во градинките и основните училишта и, конечно, што значи актуелната предложена измена на законот за матичната евиденција со кој се овозможува промена на полот и единствениот матичен број во матичните книги“.
Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој повеќе од осум месеци чека да влезе во собраниска процедура ги дигна на нозе застапниците за правата на маргинализираните групи граѓани. Околу 100 граѓански здруженија бараат итно донесување на законот пред претседателските избори.

„Имавме состанок со пратеникот Адеми летото. И тогаш ни кажа дека ДУИ ќе го поддржи законот за после да излезе Бујар Османи дека нема, дека ЛГБТИ заедницата е спорна, а потоа нели го премислија амбасадорите. Меѓутоа го премислија во крајот на јануари, а сеуште нема седница на матичното тело“ – изјави Драгана Дрндаревска – Мрежа за заштита од дискриминација.
„Како претставник на ромската заедница чувствувам одговорност да повикам на итно донесување на новиот предлог-закон за спречување и заштита од дискриминација. Кој несомнено ќе воспостави силни законски гаранции во случај на дискриминација и обезбедување на жртвите да бараат ефикасен правен лек“ – изјави Алмира Реџепи Усеин.

„Јас се надевам дека ќе се одважат и пред претседателските избори ќе го видиме во собраниска процедура. Во спротивно повторно имаме одолговлекување до бесконечност“ – изјави Билјана Дуковска – Македонската платформа против сиромаштија.

„Апелираме – препорачуваме пратениците да се одважат и законот да биде ставен во собраниска процедура како закон кој што е исклучително значаен и ќе придонесе за напредокот на Република Македонија кон Европската унија, и одлуката која што ни претстои“ – изјави Симонида Кацарска – Институт за европска политика.

И додека од пред Законодавниот дом здруженијата посочија на извесни пратеници во Собранието дека го попречуваат донесувањето на законот за кој велат дека е од особено значење за лицата со попреченост, сиромашните, ЛГБТ-заедницата, Ромите и другите маргинализирани групи на граѓани, од СДСМ на ставот дека Законот за спречување и заштита од дискриминација ќе биде изгласан во Собранието до средината на март.
„Со измените, за првпат како основи за дискриминација се воведувaат сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Се додава и нов облик на дискриминација со кој треба да се справуваме, а тоа е сегрегацијата. Измените ќе ги прошират надлежностите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во насока на превенција“ – изјави Јагода Шахпаска – пратеничката од СДСМ.
Додека во државата се чека на Закон – Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе пресуда со која државата ќе треба да плати 9 илјади евра отштета на трансродово лице, затоа што му се повредени правото за приватност и правото на ефикасен лек во текот на процедурите за промена на полот во Македонија.