Андре Риу со „Македонско девојче“ го најави концертот во Скопје/Видео

85

Современиот крал на валцерот, светската ѕвезда Андре Риу, со видео порака до македонските фанови го најави својот концерт во Скопје, кој ќе се одржи на 6-ти јуни. Тој со својот оркестар, кој воедно е и најголемиот приватен оркестар на светот, ја засвири песната „Македонско девојче“.

„Мојот фантастичен оркестар и јас сме особено почестени што прв пат доаѓаме во вашата убава земја Македонија. Затоа ќе ви го отсвириме ова. Се гледаме на концертот“, порача Риу.