Само во среда ќе се исфрла градежен шут во Струга

462

Градежен отпад и шут стружани ќе може да одлагаат само во среда. Јавното претпријатие “Комунално# секоја среда ќе врши подигање на градежен отпад, гранки од дрва и стар мебел. Директорот на претпријатието, Иван Клечкароски посочи дека таквиот отпад граѓаните ќе може да го остават покрај контејнерите за одлагање комунален отпад само во среда наутро.

– Депонирањето градежен шут, гранки, делови од стар мебел и слично е забрането покрај контејнерите за одлагање комунален отпад и на јавните површини. Стружани за да се ослободат од овие материјали ќе им биде дозволено нивно оставање покрај контејнерите само во среда, во раните утрински часови – појасни Клечкароски.