Одличен настап на младите спортисти од Крушево на државни и меѓународни натпревари

64

Изминатиот викенд Крушево беше присутно на неколку државни и меѓународни натпревари преку своите млади таленти во различни спортови. Ставре Јада учествуваше на Јуниорско балканско првенство во биатлон, кое се одржа во Словачка и освои 59. место во индивидуалната трка и 70. место во спринт трка. Исто така, двата крушевски клуба во нордиско скијање постигнаа одлични резултати на ФИС Балкан купот во Грција, кој се одржа изминатиот викенд.

Дамјан Пејчиноски и Михаела Даноска од Олимпик ски-клубот Крушево, во категоријата Крос кантри групен стар освоија четврто во конкуренција од 28 натпреварувачи, и трето место од 11. во женска конкуренција. На вториот натпревар, исто така како дел од Балкан купот, Дамјан Пејчиноски освои трето место, а Михаела Даноска второ. Ски-спартак клубот за нордиско скијање и биатлон за прв пат учествува на еден меѓународен натпревар како што е Балкан куп и забележа добар настап на своите младите членови.

На национално ниво, младите пингпонгари од пингпонгарскиот клуб “Крушево# го започнаа со победа вториот дел од сезоната во Втората македонска пингпонгарска лига на Македонија. ППК “Крушево# оствари победа од 4:0 на гостувањето кај ППК “Градба промет” од Кавадарци.