Загреб преголем залак за Металург

36

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург со пораз ги отвори официјалните натпревари во 2019 година и во СЦ „Борис Трајковски“ загуби од Загреб со 36:24, кој се наоѓа пред заверка на пласман на Ф4-турнирот во регионалното натпреварување.

Металурзите се држеа добро 20 минути, а потоа „плинарите“ ја стегнаа одбраната, па изградија разлика која константно ја одржуваа и ја зголемуваа. Загреб се наоѓа на делба на лидерското место со Вардар со 33 бода, а една победа фали за официјална заверка на пласманот на Ф4-турнирот,

Најдобар кај ППД Загреб беше Буриќ со седум гола, Поточник даде шест, а Мраковчиќ финишира со 5 гола. Кај Металург, Арсеновски имаше одличен меч со пет погодока од пет обида, а Шпенде, Рибеиро, Маџовски и Токиќ постигнаа по четири.