Ферер доби „вајлд карта“ за неговиот последен турнир

53

Раководството на „Мастерс“ турнирот во Мадрид објави дека му дал „вајлд карта“ на поранешниот број 3во светскиот тенис – Давид Феер. Во главниот град на Шпанија, миленикот на локалната публика ќе го одигра својот последен турнир во мај.

За 36-годишниот Ферер ова ќе биде 16-то учество во натпреварувањето, во кое за прв пат учествуваше на 21 година.

– Давид е еден од најголемите тенисери на нашата земја, со незаборавна кариера, но пред сè, тој е исклучителна личност, еден од најдобрите кои сум ги сретнал на турнејата, изјави неговиот добар пријател и нов турнирски директор – Фелисијано Лопез.

Освојувачот на 27 АТП трофеи има 22 победи и 15 порази во Мадрид, а во 2010 и 2014 стигна до полуфиналето.

– За мене е сон да кажам збогум на моите луѓе на турнир, кој ме тера да се чувствувам како дома. Многу благодарам на „Мадрид Опен“ дека го направи сето ова можно, изјави Ферер по тој повод.