Светски познатиот Oскаровец, Французинот Мишел Легран завчера почина во Париз во сон, на својата 86-годишна возраст. Тој беше големо светско музичко име. За своите композиции трипати има добиено музички “Оскар”, меѓу кои за најпознатата негова мелодија “Чадорите од Шербург”. Во својата долга и многу успешна кариера соработувал со навистина светски познати имиња: Френк Синатра, Едит Пјаф, Реј Чарлс, Барбара Стрејсенд, Клин Инствуд…..на просторите на поранешна Југославија неговата музичка соработка беше единствено со легендарната Дубровчанка Тереза Кесовија.
–
Таа по повод смртта на големиот композитор беше длабоко трогната, но и горда што го имаше тоа задоволство да работи и направи два солистички концерти на кои со неа настапи токму тој, славниот композитор Легран. -За оние кои можеби не знаат тоа се концерти кои влегоа во историјата на музиката на овие простори. Голема чест ми беше што Мишел само со мене соработувал од сите поранешни југословенски пејачи. На веста дека ненадејно починал ми се јавуваа многу луѓе од дома и странство, за да им раскажувам за него.
–
Со тешко срце зборував, премногу сум несреќна деновиве. Кога се јавив кај неговиот менаџер со кој и јас работев во Франција, тој само тивко ми кажа: “Сега сум со него”. Ми беше сосема јасно дека мојот сакан Мишел засекогаш заспал во сон, многу тажно кажала големата пејачка ѕвезда. Концертите на Тереза и Легран, секој може да ги види и на “Јутјуб каналот”, и да ужива во гламурозните музички настани, концерти кои беа во живо со голем оркестар, а за кои медиумите и во Франција пишувале дека “Тереза е единствената музичка ѕвезда од Балканот која успеа со своето пеење и својата харизма да го донесе Oскаровецот Легран, таму на тие немирни простори”….
Дуле М. /foto:FB,Internet,Portal Jutarnji.hr, M.Rilovic,P.Paunovic/