Близнаци – сериски провалници прават пустош во Италија, судот не може да утврди кој е виновен/Видео

70

Италијанските судии се на мака. Не можат да осудат сериски провалник бидејќи никако да успеат да утврдат кој е извршител на делото – тој или неговиот еднојајчан близнак.

Судот во Верона пред неколку дена го ослободил Едуард Труши (34) од обвиненија за тешка кражба, затоа што ниту со ДНК анализа не можело да се докаже дали на местото на злосторот бил тој, или неговиот брат близнак Едмонд. Неговиот адвокат Фабио Порта вели дека тоа не е прв пат.

Неговиот клиент судот го ослободил и во 2016 и во 2017 година, „затоа што не било можно со сигурност да се идентификува. Дури ниту со ДНК метода“, рекол Порта.

Браќата Труши, етнички Албанци, се еднојајчани близнаци кои се облекуваат исто и имаат исти тетоважи, носат толку сличен гентски профил што е можно да се разликуваат само по отпечатоци од прстите.

Двајцата имаа дебело полициско досие и се поврзуваат со повеќе стотици кражби во Северна Италија. Но, полицијата засега не успева да докаже ништо.