Коментарот „Нација со комплекс“ го реков во одбрана на македонскиот народ, а не со намера да го понижам изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров во Собрание на седница за негова интерпелацација која ја поднесе опозицијата.
Тој го образложуваше делот што беше и повод за опозицијата да побара негова смена од функцијата.
Морална, професионална и политичка одговорност побара опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ со поднесената интерпелација за шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. Му забележуваат дека функцијата ја извршува несовесно, нестручно и спротивно на македонските интереси, го обвинуваат за двата договора – со Бугарија и Грција, со кои нагласуваат се загрозуваат македонските интереси, а особено за тоа што опозицијата не била вклучена во овие процеси.
Димитров во своето обраќање читаше изјави на грчки политичари од опозицијата во кои тие ја критикуваат тамошната власт дека им признала македонски народ и јазик.