Битолскиот „Moving Music Theatre“ ќе настапи во Минхен

55

 Битолскиот „Moving Music Theatre“, чиј основач и менаџер е Марјан Неќак ќе настапи во театарот МЕТА во германскиот град Минхен.

МЕТА театарот е еден од најважните центри во Германија во кој „Moving Music Theatre“ ќе ја изведе моно-операта „Дневникот на лудиот“ од Гогољ, чиј режисер и композитор на музиката е Марјан Неќак.

-Во Минхен ќе настапиме на 9 и 10 февруари и информирани сме дека претставата ќе ја следат највлијателните продуценти, режисери, драматурзи и театарџии од Германија. Во пресрет на исклучително важното гостување за македонскиот „Moving Music Theatre“, посебно годи информацијата дека моно операта „Дневникот на Лудиот“ се најавува како најважната претстава од Балканот која добила над 10 награди на меѓународни фестивали, а од критичарите беше прогласена за најдобра претстава во периодот 2016-2017 година, изјави за МИА, Неќак.

Во моно операта „Дневникот на лудиот“ настапува актерот Озрен Грабариќ.