Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжи да владее на АТП листата на која има предност од над 2.500 бода пред второпласираниот Рафаел Надал. Србинот за време ја освои седмата титула во Мелбурн и со истата се зацврсти на челната позиција на светскиот тенис. Најголем пад доживеа Швајцарецот Роже Федерер кој го бранеше шампионскиот трофеј од минатата сезона, но поради поразот во четвртфиналето падна на шестата позиција. Пред него се Александар Зверев, Хуан Мартин дел Потро и Кевин Андерсон. Најголем скок по првиот грен слем турнир во новата сезона направи Французинот Лукас Пуј кој се искачи за 14 места и обезбеди пласман на 17-та позиција.
На ВТА листата се случи рокада, па сега на првото место е Наоми Осака, шампионката на Австралија опен, која зад себе ги остави Петра Квитова, Симона Халеп, Слоан Стивенс и Каролина Плишкова.