Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, продолжи таму каде што застана минатата сезона. Србинот по освојувањето на Вимблдон и САД Опен, лани, оваа сезона ја почна со триумф на Австралија опен. Тој во финалето го прегази Шпанецот Рафаел Надал со 6:2, 6:3, 6:3 и ја осови рекордната седма титула на турнирот во Мелбурн со што му побегна на Федерер и Емерсон, кои имаат по шест трофеи. Воедно ова е вкупно 15. грен слем титула во кариерата за Србинот и сега се наоѓа на само два од Рафаел Надал и пет од рекордните 20 на Роже Федерер.
-Се обидувам да се вратам назад кога бев повреден, па се до овој моент кога го држам пехарот што е трет во низа за мене на грен слем турнирите. За мене трофејот на Австралија опен е посебен но ова немаше да го направам без поддршката од семејството, изјави Ѓоковиќ.
Надал, пак имаше само пофални зборови за својот противник и најави дека напорон ќе работи за повторно да ги израдува нававиачите со освојување на нови титули.
–Му честитам на Новак и неговиот тим за неверојатниот тенис кој го покажа. Ова не беше мој ден, но имав две важни недели. Минав низ многу тешки моменти изминатата година и затоа сум среќен што упсав да стигнам до финалето на овој турнир. Можам да кажам само една работа дека ќе работам напорно за да станам подобар тенисер и се надевам дека повредите ќе ме заобиколат и ќе можам да ги израдувам навивачите со освојување на уште некоја титула, изјави Надал.
Оваа титула за Ѓоковиќ е точно по 11 години од неговиот прв трофеј во Мелбурн, а воедно и прв освоен грен слем турнир. По оваа победа Новак Ѓоковиќ ќе остане сигурен на првото место на АТП листата.
Србинот за освојувањето на оваа титула ќе добие 2000 бодови на АТП листата и чек на 4.100.000 австралиски долар, односно 2,5 милиони евра.