Гуаидо му нуди амнестија на Мадуро ако помогне за обнова на демократијата во Венецуела

49

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо изјави дека е подготвен за аменстија на претседателот Николас Мадуро и негови сојузници ако тие помогнат Венецуела да се врати во демократија.

Гуаидо го кажа за телевизијата „Унивисион’, во прва јавна изјава откако се прогласи за технички претседател на државата.

Изјавата е дел од интервју што допрва треба да биде емитувано.

Гуаидо кој е претседател на Парламентот, изјави дека амнестијата постои како можност за секој кој е подготвен да помогне за обнова на уставниот поредок во Венецуела.