Силна конкуренција: И Лејди Гага и Анџелина Џоли сакаат да се – Клеопатра?!

105

Контроверзната американската пејачка Лејди Гага, која со својата глума во новиот филм “Ѕвездата е родена” стана и ново холивудско актерско име, заедно со планетарно познатата Анџелина Џоли, се главните ривалки за насловната улога во филмот “Клеопатра” кој со години се најавува.

Сепак, како што пренесуваат светските медиуми, и Лејди Гага која се докажа како актерка рамо до рамо со Бредли Купер, што ја стави во позиција на претендент за највисоката филмска награда Оскар, и Анџелина Џоли, која веќе подолго време немала некоја улога, се цврсто решени да ја глумат египетската кралица.

За Џоли која со години преговара за оваа улога, учеството во филмот би значело нејзино враќање во светот на глумата, после неколкугодишната пауза.
Како и да е, и двете ќе треба да се потрудат да бидат достојна замена за Елизабет Тејлор, која во 1963 година ја глумеше Клеопатра во истоимениот филм. Римскиот војсководец и штитеникот на Цезар (Марко Антоније) во оваа култна историска драма го глумеше Ричард Бартон. Филмот тогаш имаше девет номинации за Оскар, а доби четири.

Како и да е, се уште не е познато кога ќе почне снимањето на римејкот на филмот “Клеопатра”. Исто така не е познато и кој би го режирал филмот, иако меѓу можните имиња беше споменуван оскаровецот Анг Ли…