Македонскиот ракометен шампион Вардар, по се изгледа ќе загуби уште една ѕвезда од својот ростер, откако специјализираниот интернет медиум за ракомет „Handball-Planet“, пренесува дека Рожерио Мораеш Фереира веќе постигнал договор со унгарскиот гигант Веспрем.
Како што пренесува „Handball-Planet“, 24-годишниот кружен напаѓач уште од ова лето ќе го засили тимот на Веспрем и ќе му се приклучи на својот поранешен тренер, Давид Дејвис и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.
Поради сериозна повреда на коленото, бразилскиот ас не настапи на Мундијалотво Германија и Данска, но веќе започна со лесни тренинзи и се очекува да биде подготвен за клучните натпревари на Вардар во Лигата на шампионите оваа пролет.