Бела куќа: Блокадата на Владата ќе се одрази лошо на економијата на САД

75

Раководителот на Националниот економски совет при Белата куќа, Лоуренс Кедлоу денеска изјави дека блокадата на американската Влада негативно влијае на бруто домашниот производ на САД, јави „Си-Ен-Би-Си“.

Според него, блокадата нема да се одрази на светската економија.

– Стопираната работа на американската Влада е привремен проблем, изјави тој, истакнувајќи дека ситуацијата со економијата на САД ќе се нормализира веднаш по деблокадата на Владата.

Доколку продолжи, блокадата може да предизика стагнирање на економијата на САД со нула БДП раст во првиот квартал од 2019, потврди за „Си-Ен-Ен“ Кевин Хасет, претседател на Советот на економски советници при Белата куќа.