До судот има поднесено повеќе иницијативи од неколкумина адвокати кои работат на предметите на СЈО меѓу кои една од иницијативите е на адвокатот Еленко Миланов поднесени во декември лани, а која се однесува на прашањето дали тимот на Катица Јанева смее да покренува нови истраги по рокот од 18 месеци, кој истече во јули 2017, а пет има поднесено и адвокатот Димитар Дангов
Врховниот суд на крајот од месецов се очекува на јавна седница на дневен ред да стави две иницијативи поднесени од адвокати на обвинети во предметите на Специјалното јавно обвинителство и да даде начелно правно мислење за истите. На седницата се поканети сите сиудии.
Информацијата ја потврдија од Врховниот суд, но не прецизираа на што точно се однесуваат првите две иницијативи за кои ќе се расправа на закажаната седница. Како што дознаваме една од иницијативете по кои ќе расправа судот е иницијативата на адвокатот Еленко Миланов поднесени во декември лани, а која се однесува на прашањето дали тимот на Катица Јанева смее да покренува нови истраги по рокот од 18 месеци, кој истече во јули 2017.
До судот има поднесено повеќе иницијативи од неколкумина адвокати кои работат на предметите на СЈО.
Пет иницијативи на кои се чека највисокиот суд во државава да даде правно мислење има поднесено и адвокатот Димитар Дангов. Меѓу нив едната е за Законот за заштита на приватноста, второто е за прифаќање на доказите во оригинал, т.е. копија, и третата е за читањето на доказите на главната расправа.
Објаснувањето на СЈО за истрагите што ги отворија беше дека рокот од 18 месеци го сметаат од моментот кога ги преземале предметите и материјалите од државното обвинителство, а не од моментот кога ги преземаа “бомбите”.
Врховниот суд на општа седница расправаше за допуштеноста на “бомбите” како докази, но не успеа да изгради начелно правно мислење и за поднесувањето барање за заштита на законитоста на Специјалното јавно обвинителство.