Плишкова  спаси четири меч топки и ја елиминираше Серена Вилијамс од АО

44

Чешката тенисерка Каролина Плишкова се пласираше во полуфиналето на првиот грен слем турнир Австралија опен, откако ја елиминираше Американката Серена Вилијамс со 6:4, 4:6, 7:5. Моментно седмопласираната тенисрка во светот ја елиминираше седумкратната освојувачка на турнирот во Мелбурн и покрај тоа што  во решавачкиот сет губеше и со 5:1, а спаси и четири меч топки.

-Во тие моменти веќе бев во соблеквалнат. Навистина беше тешко да се игра против Серена, особено кога губев со 5:1. Таа играше навистина добро и јас немав шанси во тој сет. Бев многу пасивна и психолошки во целост падната. Потоа си реков „бори се колку што можеш, можеби ќе ти се укаже некаква шнса да победиш“. И шансата дојде, а јас ја искористив и победив. Ова е најголемиот пресфрт во мојот живот, изјави по мечот Чехињата

Плишкова во полуфиналето ќе ги одмери силите со Јапонката Наоми Осака, која од турнирот ја елиминираше Украинката Елена Свитолина со 6:4, 6:1.

Освојувачката на минатогодишниот САД Опен славеше за само 70 минути и стана првата Јапонка која успеала да се пласира во полуфиналето на овој турнир по 25 годни. Претходно тоа и успеа на Кимико Дате Крум во 1994 година.

На машкиот дел од турнирот пласнам во полуфиналето обезбеди Французинот Лука Пуј, кој беше подобар од Канаѓанецот Милош Раониќ со 7:6, 3:6, 7:6, 6:4. Тој  за палсман во  финалето ќе игра против светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, кој обезбеди пласман откако Јапонецот Кеи Нишикори го предаде натпреварот при резултат 6:1, 4;1.