Атрактивната сопруга и менаџерка на капитенот на италијанскиот калчо гигант Интер, Мауро Икарди, Ванда Нара, повторно ги запали социјалните мрежи. Сите италијански таблоиди го споделија видео-клипот, каде нормално, главната улога е одиграна од атрактивната Аргентинка.
На видео-клипот јасно се гледа како едно машко лице темелно ги масира нејзините гради и нејзиниот задник пред почетокот на гостувањето во некое телевизиско шоу. Нема никаква дилема дека тоа машко лице е “дебело” платено за да ја извршува оваа сигурно прифатлива функција.
Нормално, веднаш откако беше постиран видео-клипот, фановите на Ванда, но и тие на Икарди, дојдоа до костатација дека човекот кој ја масира атрактивната блондинка има работа од соништата, односно ја има таа привилегија да ги допира нејзините облини и да биде платен за тоа.