Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, кој викендов потпиша за Кардиф, а неговиот авион исчезна при летото од Нант, од каде што направи трансфер во англискиот клуб.
Светските медиуми пишуваат дека во авионот биле само Сала и пилотот, а исчезнале некаде меѓу Франција и Англија, по што два хеликоптери биле испратени во потрага.
Сала потпиша со Кардиф за сума од 17 милиони евра.
Луѓето на терен, кои ја вршат истрагата велат дека авионот исчезнал додека имало дожд, но не биле лоши временските услови.
„Ветерот не бил премногу силен, па просечната брзина се движела околу 30-40 км/ч“, велат истражувачите.
На својот Твитер-профил вчера фудбалерот објави фотографија со поранешните соиграчи со порака „Последен поздрав“.
Сала ја почна кариерата во Аргентина, а во Франција се пресели во 2012 година, кога потпиша за Бордо.