Бон Џови дели бесплатни оброци за работниците без плата

44

Ресторанот на рокерот Џон Бон Џови во Њу Џерси ќе им дели бесплатен оброк на државните службеници кои останаа без плата поради делумното блокирање на работата од американската Федерална влада.

На официјалната страница на ресторанот „ЏБЏ Соул Кичн“, се наведува дека службениците и нивните семејства ќе можат да добијат оброк денеска меѓу 12:00 и 14:00 часот по локално време.

И другите гости ќе имаат можност да придонесат со свои доброволни прилози и волонтирање.

Ресторанот е отворен 2011 година.