Трамп го прегази О‘Саливен за прв трофеј

39

Англискиот снукер играч, Џед Трамп, ја освои мастерс титулата во Лондон, откако во финалето го совлада Рони О‘Саливен со 10:4 во фрејмови. Ова е прв трофеј за Трамп на еден од најдобрите три турнири во овој спорт. Прашањето на победникот беше решено уште по првата сесија која ја доби со 7:1 и во продолжение само го приведе мечот кон крајот.

  • Трамп играше на врвни ново. По 7:1 немаше што да барам во натпреварот. Не ми значи ништо во овие моменти трофејот, но морам да кажам дека навистина уживав, изјави О‘Саливен.

Покрај трофејот, Трамп од престижниот турнир заработи и 200.000 фунти.