Груевски ја повлече тужбата за клевета против Заев со која бараше 500 илјади евра

32
Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од Никола Груевски против премиерот Зоран Заев, потврдиле од судот за „Макфакс“. Причина е тоа што Груевски преку адвокат во меѓувреме ја повлекол тужбата против Заев за неговата изјава за случајот „Македонска банка“.

– Тужителот преку својот полномошник со поднесок го извести судот дека се откажува од тужбеното барање во целост. Со оглед на наведеното, на  8 јануари 2019 година, вон рочиште донесена е пресуда врз основа на одрекување, согласно со чл.318 од Законот за парнична постапка – велат од Основниот суд Скопје 2  велат.

Ова следува откако во септември лани пет врховни судии oдлучија позитивно за барањето за ревизија кое го поднесоа адвокатите на Заев. Со правосилна пресуда Заев беше осуден дека јавно го наклеветил експремиерот Никола Груевски за продажбата на „Македонска банка“.